Сето она што ќе го напишете со молив или пенкало, полесно се памети. Да, вистина е! Колку и да напредува технологијата со незапирлива брзина, ништо не може да ги замени моливот и пенкалото. Но, дали сте знаеле дека:

1.    Просечно еден молив може да биде наострен 17 пати, може да нацрта линија долга 56 километри и да напише околу 45 000 зборови.

2.    Од едно дрво со просечна големина може да се направат околу 300 000 моливи.

3.    Графитот, од кој е направена мината на моливите, бил откриен блиску до градот Кумбриа, Англија во 1500 година. Освен што се користел за правење на пенкала, графитот се користел и за маркирање на овци.

4.    Повеќе од половина од моливите во светот се произведуваат во фабрики во Кина, а нивната бројка е 10 билиони моливи. Оваа количина на моливи можат да ја обиколат земјата повеќе од 40 пати.

5.    Едно пенкало исто така просечно пишува по 45 000 зборови.

6.    Првото пенкало е измислено од унгарскиот новинар Ласцио Биро во 1938 година, но патентот за оваа алатка му припаѓа на Џон Лоуд во 1888 година.

7.    Првото налив-перо (fountain pen) е измислено во Њујорк од страна на осигурителниот агент Левис Едсон Ватермен во 1883 година, а го патентирал во 1884 година.

8.    Налив-перата имаат способност да „научат“. Мекиот метал од кој се направени со тек на време, полека се привикнува и адаптира на вашиот стил на пишување.

9.    Во Јуни 1943 година, Биро и неговиот брат Џорџ, за прв пат прават пенкала за комерција (Biro pens).