Во 1968 година, Даглас Енгелбарт јавно го претставил своето прво компјутерско глувче кое се состоело од две тркалца на дрвена кутија.

2.       Модерната спојувалка се смета дека потекнува од компанијата Gem Manufacturing Ltd од Англија. Сепак сè уште не е точно познато кој ја измислил спојувалката и од каде точно потекнува.

3.       Во 1845 година на Eдвин Хил и Ворен де ла Ру им беше доделен британски патент за првата машина за правење коверти. Само 50 години подоцна создадена е професионална машина за производство на самолепливи коверти.

4.        Во 1886 година Фридрих Зонекен од Германија го измислил механизмот за класери и истиот го патентирал на 14 ноември истата година.

5.       Се смета дека штипките за хартија, првично биле измислени во 1910 година од страна на американецот Louis Baltzley.

6.       Нашироко се смета дека Египќаните ги измислиле ножиците 1500 години п.н.е. Најстариот примерок на ножици се појавил во Месопотамија пред 3000 – 4000 год.

7.       Шест милиони ролни салотејп се продаваат во периодот пред Божиќ. Тоа е еквивалентно на 369.000 км или 55 пати повеќе од должината на реката Нил.

8.       Во текот на развојот на индустријата за лепак во Англија, измислена е и живата гума. Таа добила плава боја, поради страв дека децата можат да ја заменат со бомбони.