Една од најважните вештини кои можете да ги имате во светот на бизнисот е вештината да мислите надвор од кутијата. Секој може да има иста информација како и сите останати, но само ако ја видите со други очи, ќе можете да го решите проблемот на поефикасен начин. Токму таму лежи тајната која креативните луѓе ја поседуваат и со која добро функционираат во својата работа. Во овој напис ви нудиме три вежби со кои ќе ја подобрите својата визија и ќе престанете да размислувате ограничено. Почнете со учење денес, бидете попаметни утре!

Вежба бр. 1: Азбукувајте ја авантурата… во 5 секунди…

Ова е една од најдобрите вежби на умот кои го тераат да размислува креативно. Еве како да се направи тоа: прво, ако можете помислете на некој збор или видете некој на насловната страна од некое списание. Внимавајте тоа да биде збор од 6 букви. Престанете да го гледате и обидете се да го визуализирате во својата глава. Потоа, подредете ги буквите од зборот, но по азбучен ред. На пример: зборот БРОЈКА. Сега, обидете се да ги наредете буквите по азбучен ред. Тоа отприлика на нашиот пример би изгледало вака: Б Р О Ј К А – А Б Ј К О Р. Целта на оваа вежба е да го натерате својот мозок да вежба така што го присилувате да ги употреби сите информации и сите букви и да ги реаранжира. Вежбајте ја вежбава пет минути на ден, по трипати неделно. Со тек на време ќе станете успешни во „азбукувањето“ и ќе почнете да гледате на работите на поинаков начин. Со тоа некои нови идеи ќе ви паднат на памет и тоа онакви кои никогаш не сте ни помислиле дека постојат.

Вежба бр. 2: Разговарајте без да ја употребите буквата „Е“

Ова е една забавна игра која можете да ја играте со некој член од семејството, во кој автоматски го терате мозокот да работи на „мускули“. Со тоа вашата мисла станува поостра, а притоа постојано внимавате да не употребите збор кој во себе го користи гласот Е. Така, вашиот мозок процесира многу повеќе можности и ги пронаоѓа вистинските зборови за покусо време, се разбира колку повеќе ја практикувате оваа вежба. Конверзацијата би можела да биде ваква:

Вие: „Што би сакал да правиш во мигов?“

Соговорникот: „Би сакал да јадам, но никако брза храна“

Со оваа вежба го зголемувате вашиот речник, бидејќи постојано сте во потрага да ги пронајдете вистинските зборови. Вака побрзо ќе избегате од мислењето во кутија и ќе станете покреативни. Откако ќе ја исцрпите буквата Е, преминете на некои други: Р, С, Т, Л…

Вежба бр. 3: собирајте едноцифрени броеви

Собирањето едноцифрени броеви и тоа брзо (4+7+9+3+2+5+8+…) го присилува вашиот мозок постојано да ги менува информациите со кои работи и на кои се сеќава. Како што собирате броеви, така последната сума постојано се зголемува, но вие се фокусирате на следната сума со другите броеви кои сте ги додале. Зошто помага оваа вежба? Вашиот мозок на овој начин ги запаметува основните информации бришејќи ги податоците и деталите кои веќе не ви се потребни. Затоа, следниот пат кога стоите на ред во самопослуга, наместо да пишувате СМС, извадете една банкнота и собирајте ги цифрите од серискиот број колку што можете побрзо.