КАФЕТО КАКО ПОТТИКНУВАЧ НА ПРОДУКТИВНОСТА

Дали Вашата компанија им нуди кафе или чај на вработените?

Според статистиките, 79% од вработените тврдат дека нивната продуктивност е зголемена ако имаат кафе или друг топол пијалок достапни на работното место. Но, кафето не само што ја зголемува продуктивноста на вработените, туку ја зголемува и вредноста на работодавците. Истиот процент на вработени тврдат дека се чувстуваат повеќе ценети, кога имаат достапно кафе на работното место.

 

ПОДОБРЕНА ИНТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА

Достапноста на кафето во вашата канцеларија има и други бенефиции. Како прво, им дава шанса на вработените за комуниција. Добрата комуникација помага во градењето цврст тим и полесно работење. Друга бенифиција би била присутноста на кафето на состаноците. Вработените кои пијат кафе за време на состанок се пофокусирани, покреативни и општо, попродуктивни.

Google, не само што им нуди кафе на своите вработени, туку има и посебна кафетерија, каде вработените можат да седат и да дискутираат за работните обврски и проблеми околу работата.

 

ЗАМЕНА НА СТРЕС СО ЕНЕРГИЈА

Кафето исто така дава зголемена енергија и намалува стрес. Овие две карактеристики би биле идеални за било коа работно место. Дури звучи магично, напиток кој ги прави вашите вработени попродуктивни, поенергетични, а во исто време им го намалува стресот. Но, сепак имајте на ум дека кофеинот има граници. Секој поединец има различна толеранција на кофеин – максималната безбедна доза (помеѓу продуктивност и главоболка) е 400 милиграми, или околу 4 чаши кафе.

 

ПРИРОДЕН ШТИТ ПРОТИВ БОЛЕСТИ

Со приближување на ладните зимски денови, следната бенефиција би ве натерала уште сега да набавите кафе за вашата канцеларија. Кафето содржи антиоксиданти кои му помагаат на телото да се бори против болести и вируси. Зошто да имате работни денови без неколку членови поради грип, кога 1-2 чаши кафе на ден би можеле да го спречат сето тоа.

 

Секако дека ова е додатен трошок на вашата компанија, но самите бенефиции се доволни за надоместување на секоја потрошена пара. Кафето е лесен начин за подобро фукционирање на вашата концеларија, како и голем чекор кон посреќни вработени.

Така да, следниот пат кога ќе одите да купите канцелариски прибор или бои и принтери, купете и кафе – вашите вработени ќе ви бидат многу благодарни.

Побарајте бесплатен повик

Побарајте бесплатен повик и дознајте како можеме да Ви помогнеме.

Добијте повик

каталози One stop One Shop

Голем избор на канцелариски материјали, тонери, принтери

канцелариски

Голем избор на рекламни материјали

рекламен