КАКО ДО ПРАВИЛНА ХИДРАЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО

Повеќето луѓе кога размислуваат за хидрација, обично се фокусираат на оние работи кои можат да ги направат дома за да бидат сигурни дека ќе внесат доволно вода во нивните тела.

Но, иако домашната правилна хидрација е голем фактор за здрав живот,  многумина од нас поминуваат долги часови на нашите работни места.

За жал, повеќето работни места обично не ставаат акцент на правилната хидрација, најмногу поради недоволната информираност околу темата.

Факт е дека правилно хидрираните вработени се обично посреќни, поздрави, помотивирани и попродуктивни – затоа е важно секоја компанија да воведе правилна хидрација во нивната стратегија.

КАКО ПРАВИЛНАТА ХИДРАЦИЈА ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНОТО МЕСТО

Хидрацијата треба да биде главниот фокус на секоја компанија, бидејќи таа може да направи големо влијание на здравјето, среќата и мотивацијата на вработените. Без правилна хидрација, вработените можат да искусат несакани ефекти кои директно можат да ја попречат нивната работа.

Хидрацијата и ефектите врз здравјето

75% од вработените искусуваат хронична дехидратација секој ден. Испитувањата покажуваат дека мозочните функции како меморијата, фокусот и визуелното моторно следење можат да бидат попречени дури и кога телото има 2% помалку вода во однос на телесната тежина. Веќе на 4% времето на реакција може да биде намалено дури за 23%. На многу работни места, тоа може да биде многу опасно.

Хидрацијата и ефектите врз среќата

Збунетоста која ја придружува дехидрацијата може да има негативен ефект брз расположението. Правилно хидрираните вработени имаат подобри когнитивни способности како и ментални перформанси. Тие исто така се помалку изморени, што може да им помогне да бидат попозитивни на работното место.

Хидрацијата и ефектите врз мотивацијата

Кога вработените се правилно хидрирани, дополнителната енергија и бистрото размислување можат да ги мотивираат да постигнат повеќе со помалку труд и ресурси. Енергетичните и фокусирани вработени се попродуктивни од дехидрираните и изморени.

СОВЕТИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ДА ПИЈАТ ПОВЕЌЕ ВОДА

За да се направи ефикасна стратегија за здравје на работното место, компаниите треба да ги едуцираат и да ги мотивираат вработените да учествуваат во напорите. Следниве совети можат да помогнат да се поттикне тоа учество:

  1. Развијте пишано правило за хидратација. Ако дозволите хидратацијата да биде ништо повеќе од апстрактен концепт, таа никогаш нема да произведе ништо повеќе од апстрактни резултати. Наместо тоа, побарајте значајни, мерливи резултати.
  2. Инсталирајте ладилник за вода што може да гарантира дека Вашите вработени секогаш имаат пристап до неограничена, студена вода што е вкусна и еколошка.
  3. Нудете овошје што вработените можат да го искористат за да ја трансформираат својата вода во вкусна вода со овошје.
  4. На секој вравотен дадете му трајно шише за вода, брендирано со логото на компанијата.
  5. Поттикнете ги вработените да конзумираат вода за време на пауза – исто така поттикнете ги да тие често земаат кратки паузи за да се осигурате дека навремено се хидрираат.
  6. Тренирајте ги Вашите менаџери да тие можат подобро да забележат кои вработени се дехидрирани за подобро да можат да реагираат.