5 ЧЕСТИ ГРЕШКИ КОИ СЕ ПОЈАВУВААТ ПРИ ПРИНТАЊЕТО

Многу е лесно да се направи грешка при принтањето, посебно за оние кои принтаат прв пат. Во оваа статија ќе ги разгледаме најчестите грешки кои се случуваат при принтањето.

1.    ЖРТВУВАЊЕ КВАЛИТЕТ ЗА КВАНТИТЕТ

Една од најчестите грешки која се јавува при принтањето е недоволно добар квалитет на документот за принтање. Резултатот на испринтаниот материјал може да биде толку добар, само колку што е и самиот документот за принтање. Голем број компании се фокусираат повеќе на квантитетот, за разлика од квалитетот на нивниот испринтан материјал.
Квалитетот на Вашиот принт е директна репрезентација на Вашата фирма, затоа е многу важно истиот да биде на врвно ниво.

2.    ГРАМАТИЧКИ ГРЕШКИ

Погрешното изразување и пишување на испринтаниот материјал може да има катастрофални последици врз Вашата фирма. За разлика од социјалните медиуми и online блоговите, принтаниот материјал неможе да биде променет – затоа е многу важно добро да проверите дали секој збор Ви е правилно напишан.

Доколку испринтаниот материјал со голем број граматични грешки биде распространет низ јавноста, тоа може да ја намали довербата на Вашите потенцијални клиенти. Од друга страна, поправањето на граматичките грешки по принтање на голема количина листови би додало двојно повеќе трошоци.

3.    НЕ ЗНАЕЊЕ ЗА РАЗЛИКАТА ПОВЕЃУ RGB И CMYK

Луѓе кои немаат искуство со принтаниот материјал обично не ја разбираат разликата помеѓу RGB (црвена, зелена, плава) и CMYK (цијан, магента, жолта, црна). RGB боите се користат при прикажување на слики на дигитален монитор/екран. Доколку едноставно преземете слика од интернет и ја прикачите за принтање, ќе приметите дека боите на Вашиот екран и на испринтаниот елемент не се исти. Причината за ова се боите кои ги користат принтерите. За разлика од компјутерските монитори, принтерите користат CMYK бои – овие бои се посебно штелувани, така да интензитетот на бојата е зависен од количината на мастило која се испушта при принтање. Затоа, многу е важно сите бои кои се користат за принт материјал да бидат подесени во CMYK режимот на бои.

4.    ПОГРЕШЕН ФОРМАТ НА ФОТОГРАФИИ

Освен погрешниот режим на бои, многу е лесно да се искористи погрешен формат на слики за принтање. Многумина почетници се обземени од големиот број на формати на слики – формати како GIF и PNG се стриктно наменети за компјутерските екрани. Најдобрите формати при принтање се JPG, TIFF и PDF.

5.    НЕКОРИСТЕЊЕ НА ВОДИЧИ

Без користење на правилни водичи, професионалците кои се ангажирани да ги испринтаат Вашите документи нема да знаат како Вие очекувате да изгледа самиот краен продукт. Ова може да доведе до конфузија и погрешно принтање на Вашиот материјал.
Ова се само некои од површинските, најчести грешки кои се случуваат при принтањето. Но, не грижете се. Nova Office нуди комплетно принт решение – лесен начин до гарантиран квалитет и намален стрес при принтањето!