„Одобрувањето и потврдувањето, честопати се далеку повредни отколку материјалните награди и најчесто се заработуваат многу потешко отколку платата.“ – Л. Рон Хабард

Во една консултантска компанија која има 40 канцеларии во 27 земји и 2000 вработени, основана во 1935 година, 69% од вработените кажале дека вреднувањето и признанието од нивните шефови е повеќе мотивирачко отколку парите.

Четворица од пет вработени се изјасниле дека признанието и вреднувањето ги мотивира да направат подобра работа. Покрај ова, најголем дел од вработените чувствуваат дека не се соодветно вреднувани и ценети.

Студии од Америчката Армија покажале дека војниците ги подобруваат нивните перформанси 90% од времето кога се ценети и 30% од времето кога се критикувани. Но, офицери во Америчката Армија, сеуште преферираат да критикуваат, а ретко да вреднуваат некого.

Самиот принцип се докажал и со пропаднатите бизниси, кои не можеле да си ги платат вработените. Наместо отпуштање вработени или позајмување пари за да се покријат платите, новниот сопственик користел техника на потврдувања и вреднувања како „плата“.

Секој вработен останал на работата без финансиска плата скоро два месеци. Моралот на групата бил беспрекорен. Фирмата станала профитабилна, а вработените на крај биле наградени со пари.

Заблагодарувањето кон вработените е ефективна менаџментска техника. Секој менаџер и извршител мора да знае како да покаже благодарност до вредните вработени. Добрите коментари охрабруваат и доведуваат до подобро однесување и зголемена продуктивност.

Работниците можат на идентичен начин да го зголемат нивниот успех со соодветно заблагодарување на нивните шефови и соработници. На пример, успешните спортски соиграчи константно се бодрад меѓу себе со гласно викање и со „пукање“ со рацете. Ентузијазмот е заразен.

Заблагодарување на луѓето во семејството или пријателите, исто така може да креира интересни резултати.

Можеш да ја покажеш твојата благодарност на многу начини.

Осум начини на заблагодарување кон луѓето

1. Вербално и директно заблагодарете се на личноста. Запрете ја личноста, погледнете ја во очи, добијте го целото нејзино внимание. „Марко, ти благодарам што ги среди документите.“

2. Објаснете зошто го цените тоа што личноста го направила. Бидете прецизни.  „Ми се допадна како ги употреби обоените етикети за да ни биде полесно да ги пронајдеме документите во иднина.“ „Ме вчудоневиди како го натера малиот да се смири и да си ја среди собата.“ „Откако ми го надгради компјутерот, многу побргу си ја сработувам работата!“

3. Зголеми ги комплиментите. „Начинот на кој сето ова го организираше, навистина прави да е убаво работењето околу тебе.“  „Откако дојде дома, сите во семејството се сложуваат подобро.“

4. Прави индиректни вреднувања. На пример, дај комплимент на една личност за друга личност. „Здравко супер ми ја среди колата!“ „Знаеш, Мери ми е една од најдобрите пријателки кои некогаш сум ги имал.“ „Мислам дека нашиот шеф е фантастичен менаџер.“

5. Брани ја личноста. „Викаш Бранка е премногу перфекционист, но никој не може да ги организира нештата како неа.“ „Ако било кој од нас беше шеф, ќе мораше и ние да бидеме строги.“ „Можеби треба да му го кажеш тоа в лице, а не зад грб.“

6. Побарај, помош, мислење или идеја. Како шеф, прашувајќи го вработениот за совет, покажуваш дека ја вреднуваш неговата интелегенција. „Можеш да ми дадеш некоја идеја за проблемот со паркингот?“ „Дали мислиш дека треба да вработиме уште еден асистент?“

Како вработен, ако побараш соработник за помош, не само што покажува дека имаш добро мислење за соработникот, туку го охрабрува да биде на твоја страна. „Може да побарам совет од тебе?“

7. Дај комплимент на нивните достигнувања. Наместо вреднување на личноста, ја вреднуваш нивната работа. Стани среќен, дури и возбуден за постигнувањата на личноста. „Вечерата е стварно фантастична!“ „Аквариумот никогаш не изгледал почист!“ „Г-ѓа Наумовска беше многу среќна откако се сретна со неа.“

8. Физички контакт. Ракувања, тапкања по рамо дури и прегратки може да го искомуницираат твоето ценење брзо и ефективно.

Пробајте и вистински заблагодарете се на некој веднаш!