Showing all 8 results

Категории
Прикажи Сите
Затвори

Azul (MK)

2,590.00 ден
Правила на македонски јазик Броj на играчи: 2-4 Времетраење: 30-45 мин. Возраст: 8+ Издавач: Plan B Games Создадени од Маврите, azulejos (оригинално сини и бели плочки) биле целосно преземени од Португалците кога нивниот крал Мануел I при посетата на палатата „Алхамбра“ во јужна Шпанија бил обземен од неверојтната убавина на маварските декоративни плочки. Кралот, импресиониран од внатрешната убавина на Алхамбра, веднаш наредил декорирање со слични плочки на ѕидот и на неговата сопствена палата во Португалија. Во Азул вие ја преземате улогата на уметници за ѕидна декорација, со цел да ги разубавите ѕидовите на кралската палата „Евора“.
Затвори

Codenames: Pictures (MK)

1,390.00 ден
Правила на македонски јазик Броj на играчи: 2-8 Времетраење: 10-20 мин. Возраст: 10+ Издавач: CGE Кои се овие чудни симболи на мапата? Тоа се кодови од локации на кои шпионите мораат да стапат во контакт со своите агенти! Двајцата ривалски главни шпиони ги знаат тајните локации на сите агенти. Тие праќаат кодирани пораки до своите теренски оперативци каде да одат на тајни состаноци. Оперативците мора да бидат снаодливи. Грешка при декодирањето може да доведе до непосакувана средба со непријателските агенти – или уште полошо, со атентаторот. Двата тима се натпреваруваат да стапат во контакт со сите свои агенти, но само еден тим може да победи.
Затвори

Dixit Odyssey (MK)

1,790.00 ден
Правила на македонски јазик Броj на играчи: 3-12 Времетраење: 30 мин. Возраст: 8+ Издавач: Asmodee Dixit Odyssey ја има целата Dixit – магија, но и многу повеќе! Откријте ги новите карти и тајните значења на сликите, истовремено избегнувајќи ги грижливо поставените стапици од страна на останатите играчи! Новото издание овозможува учество до 12 играчи, нови варијанти на правилата и повеќе простор за вашата имагинација. Dixit е една од најпродаваните игри, воедно и добитник на Spiel des Yahre, како и други награди и признанија.
Затвори

Illusion (MK)

690.00 ден
Правила на македонски и албански јазик Број на играчи: 2-5 Времетраење: 15 мин Вoзраст: 8+ Издавач: Nürnberger-Spielkarten-Verlag Дали им верувате на сопствените очи? Колку бои можете навистина да видите? Овие прашања се движечката сила на Illusion, со правила кои овозможуваат веднаш да се почне со игра. Степенот на илузија зависи од вашата лична перспектива.
Затвори

Kingdomino (MK)

1,390.00 ден
Правила на македонски јазик Број на играчи: 2-4 Времетраење: 15-20 мин Вoзраст: 8+ Издавач: Blue Orange games Вие сте крал во потрага по нови површини со цел да го проширите своето кралство. Ќе мора да истражувате разни типови на терени: плодни полиња, езера, планини, села, шуми и градини за да создадете најразвиена територија, а со тоа и поубаво кралство од другите играчи. Но, бидете внимателни затоа што и другите кралеви ги посакуваат истите тие територии…
Затвори

Qwixx (MK)

690.00 ден
Правила на македонски и албански јазик Број на играчи: 2-5 Времетраење: 15 мин Вoзраст: 8+ Издавач: Nürnberger-Spielkarten-Verlag Во Quixx, цело време сите учествуваат, без разлика на тоа, кој е на ред. Сите добиваат формулар, од чие пополнување зависи бројот на поени и исходот на играта. Едноставна игра со коцки, од жанрот Roll and Write, т.е. во стилот на Јамб – пополнување на полиња со резултати од фрлања на коцките.
Затвори

The Mind (MK)

690.00 ден
Правила на македонски и албански јазик Број на играчи: 2-4 Времетраење: 15 мин Вoзраст: 8+ Издавач: Nürnberger-Spielkarten-Verlag The Mind е повеќе од игра. Тoа е експеримент, патување, тимско искуство во кое и покрај тоа што не можете да си разменувате информации, сепак за да ја победите играта треба да сте едно.

Ticket to Ride: Европа (MK)

2,590.00 ден
Oд карпестите падини на Единбург до сончевите пристаништа во Истанбул, од прашливите улици на Памплона до ветровитите станици во Берлин, Ticket to Ride Europe ве носи на нова авантура со воз низ најголемите европски градови од почетокот на овој век. Дали ќе ризикувате и ќе патувате низ темните тунели на Швајцарија? Или со ферибот преку Црното Море? Или преку раскошните железнички станици на големите метрополи од старите империи? Вашиот следен потег може да ве претвори во новиот голем европски железнички магнат! Спакувајте ги вашите куфери, поздравете го кондуктерот и качете се во возот! Правилата во играта се на македонски јазик Броj на играчи: 2-5 Времетраење: 30-60 мин Возраст: 8+ Издавач: Days of Wonder