КАКО НОВАТА ГОДИНА ДА БИДЕ ПОУСПЕШНА ОД СТАРАТА
Во бизнис светот, крајот на годината го означува почетокот на периодот за планирање на идни проекти, поставување на буџет и припремање за успех во следната година.
Но што значи тоа да планирате за успех и уште поважно, како да го направите тоа?
Ова се трите чекори кои ние ќе ги користиме за планирање на новата 2019 година.
1. ПОСТАВУВАЊЕ ЦЕЛИ
Неможете да постигнете успех доколку не знаете како да стигнете до него, затоа е многу важно да поставите цели кон истиот. Поставените цели не се непроменливи. Тотално спротивно, целите треба да бидат проверувани и ажурирани во текот на целата година. Ова е исто така и добар начин на вршење мониторинг за тоа како напредува Вашиот бизнис.
На што треба да се фокусирате кога ги дефинирате Вашите цели?
- Дали ќе се фокусирате кон персонален раст?
- Дали ќе инвестирате во надградување?
- Можеби фокусот на Вашиот бизнис драстично ќе се сврти оваа година?
- Можеби пробувате да се ‘извадете од калта’?
Зависно од тоа во која позиција е Вашата фирма во моментот, на тоа треба да се фокусирате следната година, за подобрување, стабилизирање и напреднување на бизнисот.
2. ИЗВЛЕКУВАЊЕ ПОУКИ
Од изминатата 2018 година можете да научите многу. Земете време да ги прославите Вашите успеси, како лични така и професионални. Но, исто така извлечете поука од грешките и неуспесите.
Неколку добри прашања за предходната година за кои вреди да се размислува:
- Што би направиле поразлично?
- Што воопшто не би направиле повторно?
- Што посакувате да промените?
- Што би направиле на повисоко ниво?
Иако вреди да учите од Вашите грешки, не дозволувајте тие да ве дефинираат, извлечете ја главната поука и продолжете напред.
3. СТАВЕТЕ СÈ НА ХАРТИЈА
“Глупавиот памти, паметниот запишува”
Чудно е колку луѓе и бизниси тотално го занемаруваат пишаниот збор. Залудно е да планирате, а на крај сепак да немате пишан план. Без разлика колку се комплексни или едноставни Вашите цели, запишете ги на видливо место во Вашата канцеларија. Тоа ќе Ви овозможи да Ви бидат секојдневно достапни, па да не се случи да заборавите некој важен дел од Вашиот план.
Среќна Нова Година Ви посакува тимот на NovaOffice и Ви посакуваме голем број успеси во Новата 2019!