Во срцето на населбата Аеродром се отвори куќата на книгите и игрите – SUPER NOVA House of books and games, катчето кое со својата топлина пружа забава и можност за едукација за сите возрасти.

Продажниот салон се отвори во Септември 2021 година и единствено кое што го одбележи отварањето беа трагите од многубројните носиња на дечињата кои љубопитно ѕиркаа на излогот и се воодушевуваа на играчките, мечињата, книгите,боенките, фломастерите, боичките, ранците, ташничките и многуте разновидни производи.

Супер Нова стана извидничко место на многубројните фанови на легендарните филмови на Star Wars, Lord of the Rings, Marvel, DC, Harry Potter како и јунаците од цртаните филмови на Дизни, Пиксар и познатите видео-игри. Секој оној што ги сака овие култни филмови и игри ја има својата насмевка на лицето бидејќи во раката ги држи своите најомилени ликови во фигура на Funko Pop, привезок, светлечка ламба и сите гаџети кои колекцинерите ги прават посилни.

Гејмери вашиот свет се премести во Порта Аеродром затоа што кај нас има сé што му треба на еден гејмер за да го стартува својот гејминг свет и да влезе во игрите на непознатото, авантурата а при тоа да ужива во квалитетниот звук кој што доаѓа од гејмерските звучници, слушалките, да биде прецизен во потезите што ги прави со беспрекорните мауси  кои што се движат по гејмерските mouse pad-ови, осветлени од сите страни, што го прави задоволството уште поавантуристичко.

 

А оние кои се љубителите на книгата можат да најдат различни видови на литература од различни издавачки куќи и да уживаат во драмата, трилерот, романите, басните, сказните, песните. И бидејки Супер Нова е комплетно место за уживање, не ја изоставивме и актуелната странска литература, она што може да го видите во кино салите, на големите екрани преточено во многубројни томови на книги, како колекцијата на книгите за Harry Potter и уште многу други.

Ѕирнете во светот на Супер Нова, отворете ги вашите сетила и впијте го вкусот на знаењето, игрите и забавата.

Ве очекуваме на Методија Шаторов Шарло, локал 1 – Порта Аеродром и да се напиеме толпо кафе или чоколадо и да се нурнеме во светот на имагинацијата.