КАНЦЕЛАРИСКИ ТРИКОВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА

Преполниот мозок и нередот со списоци за задачите што треба да завршат, не одат многу во прилог на продуктивноста, а како резултат на тоа нашата работна маса е постојано во хаос.
Затоа, еве неколку навистина корисни трикови за во канцеларија кои ќе ви помогнат да се организирате и да постигнете повеќе.

 

ПОСТАВЕТЕ РАСТЕНИЕ НА ВАШАТА РАБОТНА МАСА

Само затоа што е работна маса, тоа не значи дека не можете да додадете ваш личен допир, па дури и малку живот. Некои работни маси се тмурни дури и во најсвежите и иновативни канцелариски простори. Додавање растение може да ја подобри вашата благосостојба и да ја зајакне вашата креативност.

Обидете се растенија на кои им треба помало одржување, како бамбус, кактус или сукулентна билка.

НАУЧЕТЕ КРАТЕНКИ НА ТАСТАТУРАТА

Кратенките на тастатурата можат да ви помогнат да направите скриншот, да ја смените големината на фонтот или да повлечете прерано испратена е-пошта.

Додека ги учите сите, закачете корисна табела на ѕидот пред вас. По одредено време, нивното користење ќе ви стане рутина.

РАСПОРЕДЕТЕ ВРЕМЕ ЗА Е-ПОШТА

Се проценува дека поминуваме над 2 часа на ден за читање и одговарање на е-пошта. Тоа е премногу време, кога ќе размислите колку работа може да завршите за два часа.

Ако се земе во предвид дека, во просек се потребни 23 минути и 15 секунди за да се вратите на задачата кога сте прекинати со нешто, вреди да се блокира и одредено време од денот за да одговорите на е-пошта.

ИМАЈТЕ ТЕТРАТКА ЗА ИДЕИ И ПОТСЕТНИК

Идеите можат да се појават во кое било време, и доколку не ги запишеме, секако дека нема да ги паметиме следниот ден. Купете мала тетратка и запишете сè што сакате подоцна да запомните или употребите.

Кога ќе немате инспирација, или ќе сакате да ја разбудите меморијата, погледнете во тетратката.

ПРИВРЕМЕНО ИГНОРИРАЈТЕ ГИ ИЗВЕСТУВАЊАТА

Ако треба да се фокусирате, не ви требаат апликации за продуктивност. Постојаните известувања ни го одвлекуваат вниманието, а бројот на разновидни апликации кои би требало да ни помогнат постојано се зголемува.

Затоа, едноставно вклучете го вашиот телефон на нечујно и ставете го со лицето надолу во фиока.