Рекламните производи одамна се популарен избор за градење препознатливост на брендот за време на маркетинг кампањи.

Според истражувања, постои директна врска помеѓу зголемување на препознатливоста на брендот преку рекламните производи и зголемувањето на продажбата. Дополнително на свесноста за брендот и зголемена продажба, овој начин на рекламирање носи поголем поврат на инвестицијата.

Зошто да ги користите?

Погледнете во Вашите фиоки, работно биро или во чашата со пенкала. Сигурно имате барем еден, ако не и повеќе, рекламен производ од последниот настан, средба или конференција.

Нивните бенефити се многубројни. Со нив можете да таргетирате луѓе кои се заинтересирани за Вашата услуга или производ, имаат долг временски период на користење, може да ги дизајнирате како сакате, полесно се забележува и запамтува брендот.

Луѓето брзо ја забораваат рекламата која ја имаат видено на билборд кој го имаат видено на пат кон работа, но ретко го забораваат бизнисот кој им дал рекламен производ.

Популарни рекламни производи

Најпопуларни и најкористени рекламни производи се УСБ уреди, пенкала и чаши за кафе/чај.

Кога станува збор за колку долго ваков производ се задржува, чашите за кафе/чај се задржуваат најдолго од сите останати рекламни производи. Временски задржувањето е најмалку 1 година, па до 4 години. Се разбира, колку подолго се чуваат овие производи, толку повеќе оставаат впечатоци врз корисниците и сите останати кои го гледаат производот.

Влијанието на овие производи врз корисниците е одлично. Името на компанијата или брендот го памтат долг временски период по добивањето на рекламниот производ.

Како се користат рекламните производи

Главната употреба на рекламните производи е да се зголеми видливоста и препознатливоста на брендот.

Меѓутоа, на кој начин и да одлучите да ги користите во Вашата маркетинг кампања, сигурно ќе Ви донесат зголемена свесност за брендот и ќе ги зголемат продажбите во Вашата компанија.