НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА УСПЕШЕН МЕНАЏМЕНТ НА ВАШИОТ БИЗНИС

Основен одлучувачки фактор за успех на вашиот бизнис е како менаџирате со него. Без разлика дали се работи за менаџмент со вашите вработени, со финансиите, поставувањето на вашиот бизнис, или едноставно секојдневни задачи – вашите одлуки за менаџирање се важни.
Еве неколку клучни точки за подобар менаџмент:

 

Систематизирајте го вашиот бизнис

Со креирање и поставување системи, можете да внесете некого кој не знае ништо за тоа како работи вашиот бизнис, и брзо и лесно да научи на системски начин да ги извршува работните задачи онака како што сакате да ги изврши.

Често ова не се случува во почетокот кога вработувате нов работник. Сепак, штом еднаш изградите систем што функционира, можете да го дуплирате вашиот број на вработени и да изградите бизнис кој може да расте.

 

Ставот како клучна карактеристика при вработување

Вработувајте ги луѓето според ставот кој го имаат, а тренирајте ги за вештините кои треба да ги поседуваат за да работат за вас.

Факт е дека вашиот бизнис нема да има корист од вработен со лош став, без оглед на тоа колку e  “квалификуван”.

Ретко може да се подобри ставот на вработениот. Сепак, на вработен со правилен став, можете да му дадете обука која му е потребна за да биде успешен во вашиот бизнис.

 

Поставете цели и држете се до нив

Од голема важност е да дефинирате каде сакате да одите со вашиот бизнис и да поставите цели кои ќе ве однесат до таму. Со поставувањето на целите, јасно ќе ги поставите и обврските и задачите на секој од вработените и ќе им го појасните правецот во кој се движи вашиот бизнис.

 

Фокусирајте се на она што го движи вашиот бизнис

Без разлика во која фаза сте во вашиот бизнис, фокусирањето на работите кои ќе ве однесат на следното повисоко ниво се единствените работи што се важни. Со постојано анализирање на стратегиите кои ги имплементирате и одржување на овој фокус, ќе биде полесно да дознавате што функционира за вас.

 

Изградете добри односи со вашите вработени

Поставете им јасни цели на вашите вработени и држете ги одговорни за завршување на задачите. Со тоа, се ослободувате од микро-менаџирање и им оставате простор за користење на нивните таленти и учење на нови вештини.