NovaPrint
MANAGED PRINT SERVICES (MPS)
Заедно до целта, комплетно решение за вашата канцеларија

В о денешно време на современи технологии и електронски комуникации, хартијата сеуште е префериран медиум за комуницирање, архивирање и печатење, и учествува со голем процент во вкупните трошоци на една компанија.
Еден вработен во компанијата годишно во просек троши 10.000 листови хартија, од кои што 44% ги троши непродуктивно т.е непотребно.


10-15% од обртот на компаниите оди на процесот на менаџирање, управување и дистрибуција на документите.

90% од компаниите не можат точно да го дефинираат ниту да го предвидат трошокот за печатење, од кој само 20% се видливи трошоци за истите.

23% од повиците кон ИТ службите или helpdesk во компаниите, се однесуваат на проблемите со печатењето.

Според елитната консултантска куќа Gartner.Inc, компаниите кои активно го менаџираат печатењето успеваат да заштедат дури 30% од трошоците за таа операција.

Тимот на Феникс Нова го има вистинското паметно решение, и тука сме да Ви помогнеме. Како?

Преку интегриран пристап и менаџирање на Вашите потреби за печатење и управување со документите, ние ќе креираме комплетно B2B решение скроено за Вашите потреби. Комбинацијата на правите луѓе, правата технологија и правите процеси, ќе донесат додадена вредност на Вашата компанија. Градењето на долгорочно партнерство, оптимизирањето на процесите, зголемување на ефикасноста и намалувањето на трошоците се приоритет на тимот на Феникс Нова.

Бенефит од решенијата на Феникс Нова

01.

Намалување на трошоците

Ние работиме со Вас за да се разберат потребите како и трошоците за печатење. Оваа информација може да се користи да се дизајнира решение за печатење кое што ќе Ви ги намали трошоците. Тимот не Феникс Нова веќе помогна на голем број на компании да ги намалат трошоците дури и до 60%.

02.

Зголемена продуктивност

Доколку ни дозволите да се погрижиме за управувањето на печатењето во Вашата компанија, тогаш Вие слободно ќе можете да се фокусирате на Вашиот бизнис. Ние ќе Ви обезбедиме квалитетни уреди кои се користат на оптимално ниво и со зголемена продуктивност за било која принтинг операција.

03.

Зголемена безбедност

Ние ќе ги лоцираме за Вас, потенцијалните подобрувања за безбедноста на печатењето во Вашата компанија. Со самото тоа следи имплементација на дополнителни можности се со цел да се задржат информациите далеку од оние кои не се овластени да ги имаат, видат или поседуваат.

04.

Подобрување на одржливоста

Со рационализација на Вашата инфраструктура, решението на Феникс Нова помага да се намали отпадот и да се намали енергетската потрошувачка и потрошувачката на хартијата во Вашите канцеларии.

ПРЕДНОСТИТЕ НА (MPS) MANAGED PRINT SERVICES (УПРАВУВАЊЕТО СО ПЕЧАТЕЊЕТО)

01.

НЕМАТЕ ИНИЦИЈАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ОПРЕМАТА, БИЛО ДА Е ПОЛОВНА ИЛИ НОВА

02.

НЕМАТЕ АМОРТИЗАЦИЈА

03.

ГРИЖАТА ЗА УРЕДОТ (ПРИНТЕРОТ) Е КОМПЛЕТНО НАША ВО ТЕКОТ НА ДОГОВОРОТ ЗА НАЕМ, СО ГАРАНЦИЈА ДЕКА ИСТИОТ СЕКОГАШ ЌЕ ФУНКИЦИОНИРА БЕСПРЕКОРНО

04.

ВКУПНИТЕ ТРОШОЦИ СЕ ЦЕЛОСНО ТРАНСПАРЕНТНИ СО АВТОМАТСКО СЛЕДЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО СИТЕ УРЕДИ КОИ СЕ ОПФАТЕНИ ВО ВАШИОТ ДОГОВОР

05.

СИТЕ ТРОШОЦИ СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ЕДНАШ МЕСЕЧНО

06.

ЗАШТЕДУВАТЕ ДО 30% ОД МОМЕНТАЛНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПЕЧАТЕЊЕТО И ТРОШОКОТ ЗА ХАРТИЈА

Софтверски решенија

За таа цел ние користиме современ software, eMaintenance


Софтверот за следење и контрола на уредите на Canon овозможува комплетно автоматизирање на задачите кои одземаат време и енергија. eMaintenance Ви дава слобода да се фокусирате на повеќе итна или поважна активност, а нам ни овозможува:

• Електронска евиденција на сите операции поврзани со уредот

• Наместо читање на броилото на принтерот секој месец и усогласување со Вашето време кое е на претек, eMaintenance го автоматизира целиот процес за Вас. Во согласност со најстрогите безбедносни протоколи, eMaintenance ги проследува релевантните информации директно до тимот на NOVA OFFICE, преку интернет, без административна вмешаност

• Во случај на дефект, или однеесување спротивно на стандардното, тимот на NOVA OFFICE веднаш и автоматски e известен преку e-mail. Ова обезбедува брз одговор од страна на нашите експерти

• Автоматски открива кога нивото на тонерот е ниско и поставува услови за повторно да обезбедиме тонер кај Вас.

• Нема повеќе фрустрации предизвикани од недостатокот на тонер, и исто така не постои вишок на резервни тонери за складирање

Со секој Договор за наем Вие добивате БЕСПЛАТНИ

Нов уред

Тонери

Сервис

Инсталација

Работна рака

Резервни делови

5 чекори до идеалното решение за Вашата компанија!

Тимот на Феникс Нова ќе направи внимателен преглед на моменталната ситуација на инфрастуктурата во Вашата компанија се со цел да се дефинира точниот обем на печатењето. Само на тој начин можеме да дизајнираме решение кое ќе биде оптимално, ефикасно и ќе ги намали трошоците дури до 30%.

process

1. Анализа

Нашиот тим ќе направи анализа заедно со Вас, за да ги утврди Вашите потреби. Анализата ја опфаќа моменталната ситуација, реалната бизнис потреба и обемот на проектот!

2. Проект

Врз база на анализата, нашите консултанти ќе проектираат решение, кое што совршено ќе одговара на Вашите потреби за печатење, копирање, скенирање и праќање на документите.

3. Транзиција и имплементација

Нашиот тим ќе се погрижи за беспрекорна инсталација и имплементација на принтерите и софтверот и ќе обезбеди обука на вработените, се со цел да се овозможи наједноставен трансфер на новите уреди и начинот на комуникација.

4. Поддршка и управување

Консултантите се задолжени да имаат конзистентна комуникација со вработените и да имаат увид во работењето на секој од инсталираните уреди, сервисните интервали како и потрошниот материјал со што ќе се овозможи функционирање без било каков застој.

5. Контрола

Преку нашето решение тимот на Феникс Нова, континуирано го прати Вашиот раст и развој, Ве информира и Ви предлага новини и технолошки решенија кој што ќе бида актуелни во времетраење на договорот.

Анализа

Во припремната фаза на RentAPrint се поставуваат темелите на новата стратегија за печатење и управување со документите (печатење, копирање, скенирање и факс)

Према потребата, нашите стручни лица со помош на посебен софтвер ќе можат детално и професионално да ја утврдат Вашата реална потреба за печатење. Ќе се идентификува начинот на кој Вашата компанија управува со печатењето и секако ќе се понуди најоптималното, најефикасното и најекономичното решение за Вас.

Основен преглед на моменталната состојба која ја имате го вклучува месечното користење на принтерите и трошоците за истото, се одвива без софтверски мерења на Вашата мрежа. По завршувањето веднаш Ви доставуваме понуда за изнајмување.

Деталниот преглед вклучува квалитетенa и детална проценка и ревизија (assessment & audit) со посебен софтвер во зададен временски период. Ова ни овозможува целосен и транспарентен преглед на инфраструктурата за печатење во Вашата компанија, и Вам и нам ни ја олеснува оптимизацијата која вклучува предлог за оптимален број на принтери, врамнотежен план на печатење и предлог на софтверското решение кое ќе ги поедностави работните процеси и драстично ќе ги намали трошоците во компанијата (TCO).

Оваа анализа Ви овозможува јасен и целосен увид во инфраструктурата на дневно ниво со современ дијаграмски приказ на Вашите простории, локации, уреди и преглед на трошоците на секој од принтерите и е најдобра база за предлогот за оптимизација и намалување на трошоците во печатењето.

Проект

Во оваа фаза следува процесот на документирање и тестирање на предложеното решение, потврда на сигурносните одредби во склад со Вашата компанија, интегрирање на процесот за секој корисник, дефинирање на деловните барања, предлог решение и преценка на заштедите која може да достигне дури и -40% од постоечките трошоци.

Нашите консултанти ќе соработуваат со Вашите вработени се со цел да се креира најоптималното решение кое ќе содржи:

Нов и современ хардвер (мултифункциски уред)
Најсовремен software (софтвер)
Беспрекорна услуга и сервис

Најважно од се е дека решението ќе биде планирано согласно Вашите потреби и Вашите очекувања!

Во зависност од Вашите организациски потреби, нашата услуга овозможува

Користење на идентичен интерфејс (interface) на сите уреди, се со цел кратење на временскиот процес на обука на корисникот
Софистицирани функции кои што го олеснуваат секојдневното работење као што се Scan to mail (скенирање до меил), во PDF или во Folder
Единствен управувачки програм кој ќе овозможи користење на било кој уред без дополнителни инсталации на посебни програми за секој уред
Печатење на било кој уред кој го одбрал корисникот и превземање на документот кога и каде сака, без грижа дека некој од другите корисници може да го земе неговиот документ
Дефинирање на јасни одредби кое печатење ќе се одвива на кој уред, расположливоста и капацитетот на уредите, како и дефинирање кој корисник на кој најприкладен уред може да печaти, се со цел да се скратат трошоците во компанијата
Вклучена комплетна поддршка во Вашата флота како би можел нашиот тим да биде секогаш спремен за беспрекорен сервис, одржување, промена на потрошен материјал и навремена реакција.
Колаборација помеѓу Вас и нашиот тим за заедничко одстранување на трошоците за периодот на склучување на договорот

Транзиција и имплементација

Имплементацијата на новото решение на работните процеси може да биде незгодно, меѓутоа нашиот тим ќе се труди беспрекорно, со вклучување на вработените од Вашата компанија, да го адаптира и да го скрати временскиот период на едукација и инсталација. Навремената комуникација и презентирањето на сите детали се клучот на успехот во оваа фаза. Обуката на корисниците ќе ја прилагодиме целосно на Вашиот тим и неговото знаење како и на времето за оперативните работи во Вашата компанија. Од нашите досегашни искуства, обуката може да се спроведе во нашите или Вашите простории, со видео визуелни техники, поединечно или во групи. Крајната цел е Вашите вработени да знаат:

На кој начин функционира новиот уред, со потенцирање на сите функции кои ја зголемуваат продуктивноста
Како да управуваат со процесот на печатење со помош на новиот софтвер кој е имплементиран
Кој Ваш личен асистент и стручно лице да го побарате доколку имате било какви прашања и Ви е потребна дополнителна поддршка

Сите активности во процесот на инсталација ќе бидат беспрекорно распоредени се со цел да се скрати нивното влијание на секојдневните обврски во Вашето работење. Новите уреди и софтвер ќе бидат инсталирани, старите и постоечки вклучени или одстранети согласно договорот за распоредот и наем.

Поддршка и управување

Нашиот сервис и стручни лица секогаш ќе Ви обезбедат конзистентна и квалитетна услуга во согласност со оптимизираните процеси во Вaшата компанија. Квалитетното и превентивно одржување согласно високите стандарди наведени во договорот. Тимот секогаш ќе работи заедно со Вас за да се имплементираат сите новини, Up-grade на системот, нaјновите firmware, со еден збор, секогаш ќе ги имплементираме најновите технологии.

Нашиот тим од техничари секогаш ќе Ви гарантира дека уредите ќе работат конзистенто, квалитетно и оптимално. Квалитетното и превентивно оддржување ја сведува на минимум можноста за застој и грешки во инфрастуктурата во Вашата компанија.

Вашата ИТ служба или одговорното лице за техничкиот дел, секогаш ќе има директен контакт со консултантот од нашиот тим за сите прашања, инциденти и брзо решавање на проблемите. Со самото тоа нашиот тим ќе Ви овозможи да се фокусирате на Вашиот примарен бизнис и работење.

Тимот на Nova Office ќе настапува проактивно почнувајќи од фазата на проектирање, имплементација и управување со уредите. Со таквиот пристап ние секогаш ќе можеме правилно да ја пратиме, финансиски да ја контролираме, да ја планираме и ефикасно имплементираме секоја промена во уредите, софтверска или хардверска, во времетрање на договорот.

Проактивниот пристап може да ни помогне и нам и Вам да некои прашања и дилеми се одговорат на самото место во Вашата компанија по пат на интерна едукација, совети и поддршка од нашиот тим. Со самото тоа Вашата компанија и вработени секогаш ќе можат да ги користат најнапредните функции кој ги дава напиот софтвер.

Контрола

Вашиот сервис менаџер ќе составува редовни месечни извештаи кои заедно со Вас ќе се разгледуваат се со цел да се потврди дали постои простор за подорбрување на инфраструктурата и секако зголемување на оперативноста и продуктивноста и намалување на трошоците. Сите овие детали содржани во извештајот можат да допринесат кон квалитетна анализа на поставеното решение во Вашата компанија, да овозможат проактивно соочување со проблемите пред нивното појавување и давање на точна слика што се случува со печатењето во Вашата компанија и секогаш ќе бидеме во можност заедно со Вас да ги насочуваме одлуките во поглед на растот и развојот на услугите и решенијата. На тој начин заеднички креираме пат на искрено, отворено и заедничко партнерство со Вашата компанија кое ќе овозможи пред се современо функционирање на Вашата компанија преку скратени трошоци кои досега воопшто не Ви биле познати.

Кратење на трошоците дури и до 60%

Скриени трошоци на печатењето

Унапредете ја инфрастуктурата за печатењето во Вашата компанија

Побарајте бесплатен повик

Побарајте бесплатен повик и дознајте како можеме да Ви помогнеме.

Добијте повик

каталози One stop One Shop

Голем избор на канцелариски материјали, тонери, принтери

канцелариски

Голем избор на рекламни материјали

рекламен