Според едно истражување на International Data Corporation (IDC) за услуги за печатење, се покажало дека во третина од компаниите веќе е дозволено вработените да ги користат своите лични смартфони, лаптопи и таблети, во текот на работното време. На некои бизнисмени оваа идеја за користење на мобилни телефони на работното место не им се допаднала, но сепак не го оспоруваат моментот дека може да се отвори нова палета можности ако се применуваат овие апарати за време на работа.

Во истото истражување се предвидува дека до 2018 година, 75% од светската работна сила, ќе биде мобилизирана со цел побрз и константен пристап до информации за зголемување на продуктивноста.

Иако големите производители на печатарски услуги веќе имаат развиено различни решенија и безброј опции за поврзување на вашиот принтер со мобилните уреди, многу бизниси заостануваат во имплементацијата и адаптацијата на оваа технологија.

Уште едно истражување покажало дека дури 83% од организациите се заинтересирани за мобилно печатење, но само 14% од нив всушност го применуваат. Ова се смета дека е поради небулозниот пазар, понизок приоритет во целосната IT агенда и неподготвеност да се плати за решенија за мобилно печатење. Меѓутоа, уште едена голема пречка е недостатокот на разбирање за тоа како мобилните уреди се вклопуваат во потребите на бизнисот.

За среќа, денес пазарот е фрагментиран, што значи дека бизнисите може да одберат различни хардвери, софтвери и други услуги за споделување во зависност од големината на секторот и со цел да го најдат најсоодветното решение за нивниот бизнис.

Можеби, најкритичното размислување за решението за мобилното принтање да функционира е тоа што цврсто се поврзува со веќе постоечка стратегија за менаџмент на печатење. Затоа, трошоците можат да бидат содржани, а ризиците за безбедност ќе бидат намалени. Системите за централно управување, овозможуваат пречатењето преку мобилни уреди да ги содржи истите контроли како оние преку десктоп.

Благодарение на сеопфатните способности на смартфоните и таблети споени со флексибилноста која ја нудат на корисниците, можете да најдете решение кое има способност да ја заврши задачата за печатење преку повеќе методи, кои вклучуваат електронска пошта, веб-прелистувачи и апликација.

Освен ако не работите со стандардизирана базна средина, тогаш треба да барате додатни решенија користејќи универзален драјвер кој овозможува печатење со која било машина преку кој било уред. Можете да разгледате и опции базирани на Clouds, бидејќи далечинските сервери одлично функционираат со мобилните технологии.

За крај, не ги игнорирајте сервисите за управување на печатењето, бидејќи тие можат да ја намалат цената, комплексноста и ризикот од лошо раководена инфраструктура за печатење.