КАКО ДА ГИ АВТОМАТИЗИРАТЕ ВАШИТЕ РАБОТНИ ОБВРСКИ

Еден од најбитните фактори за продуктивно работење е добрата организација. Но, за било каков вид на организација е потребен добар план за автоматизирање на секојдневните задачи кои се повтораат, за ослободување на повеќе време кое може да биде искористено за фокусирање на други обврски.

Но како да започнете со дури и наједноставната автоматизација на работниот процес? Прочитајте подолу неколку детални чекори за автоматизирање на Вашите работни обврски.

СЛОБОДЕН ПРОЦЕС

Наједноставниот начин на автоматизирање на работниот процес е да им дозволите на вработените сами да го направат тоа. Секој има свој начин на работа и секој сам најдобро знае како да си олесни работата.
Ова е најлесниот начин бидејќи вработениот ја има контролата врз својот работен процес, без интервенција од менаџерот (кој може да се фокусира на поважни задачи), што исто така може да помогне и во продуктивноста на целиот тим.

 

СОФТВЕР

Друга опција за автоматизација се големиот број на софтвери кои ги нудат тие опции. Доколку не можете да најдете програма која ги нуди услугите кои се потребни на Вашиот тим, секогаш можете да создадеде специфичен софтвер за Вашата фирма, иако за ова би Ви требало парична инвестиција.

 

ПРОНАЈДЕТЕ ГИ ПОВТОРЛИВИТЕ ЗАДАЧИ (КОИ ДОСЕГА СЕ ИЗВРШУВААТ РАЧНО)

Одкако ќе го одберете методот на автоматизација (слободен процес или софтверски процес), време е да ги погледнете сите задачи кои Вашите вработени секојдневно ги извршуваат рачно и на кои трошат многу време – потоа најдете го најбрзиот начин за завршување на обврската.

Прашете го Вашиот тим кои задачи тие би сакале да бидат автоматизирани. Бидејќи тие ги работат задачите секојдневно, тие можат да најдат решенија за кои Вие не би ни помислиле.

ПОСТАВЕТЕ ПРАВИЛА ЗА АВТОМАТИЗАЦИЈА

Откако ги издвоите процесите кои би сакале да ги автоматизирате, Вашиот тим е спремен да ја започне процедурата. Доколку работите со слободниот процес, Вашите вработени лесно можат да создадат автоматизација со креирање и следење на чекор-по-чекор процес од нивната задача.

Земете го процесот на работа, од почеток до крај и одлучете кој би бил најбрзиот начин да стигнете од A до Б без потребна интервенција.

 

OUTSOURCING ФИРМИ

Доколку не сакате да го трошите времето на Вашиот тим, постојат голем број фирми кои нудат вон-тимски услуги за забрзување на работниот процес.
Дали знаете дека нашата компанија нуди Outsouring автоматизирање на Вашите работните процеси за принтање?

Преку интегриран пристап и менаџирање на Вашите потреби за печатење и управување со документите, ние ќе креираме комплетно B2B решение скроено за Вашите потреби. Комбинацијата на правите луѓе, правата технологија и правите процеси, ќе донесат додадена вредност на Вашата компанија. Градењето на долгорочно партнерство, оптимизирањето на процесите, зголемување на ефикасноста и намалувањето на трошоците се приоритет на тимот на Феникс Нова.

Доколку ни дозволите да се погрижиме за управувањето на печатењето во Вашата компанија, тогаш Вие слободно ќе можете да се фокусирате на Вашиот бизнис. Ние ќе Ви обезбедиме квалитетни уреди кои се користат на оптимално ниво и со зголемена продуктивност за било која принтинг операција.