За време на Втората светска војна спојувалката за хартија станала симбол на патриотизмот во Норвешка. Тоа се должи благодарение на нејзиниот норвешки пронаоѓач. Луѓето ја носеле на своите ревери како знак за отпор против нацистичката окупација.

2. За време на 1700-тите, за кралот Луј XV од Франција, била измислена првата форма на хевталката која била рачно изработена, а на неа биле жигосани обележјата на тогашниот кралски двор.

3. Во 1500-тите во еден англиски град бил пронајден графитот, кој веднаш потоа се користи за моливите. Ако сте љубители на моливи, во Keswick постои музеј за моливи, кој го нарекуваат домот на моливите.

4. Хефталката, како што ја знаеме, првично била наречена “Hotchkiss”, по компанијата која прва ја произвела. Во Јапонија истата е позната како ‘Hochikisu”, по нејзиното оригинално име.

5. Во 1903-та година, Мик Клеј измислил игла за закачување, односно шпенагла. За жал, истиот тој, поголемиот дел од својот живот го поминал во сиромаштија, продавајќи го својот изум на некој друг.

6. Во 1850-та, градот Бирмингем станал главен град за производство на налив перо, дури половина од сите пенкала што се произвеле, му припаѓаат нему.

7. Ричард Дру ја измислува самолепливата лента и проѕирниот салотејп во 1923-та и 1930-та година, додека пак, првиот диспанзер за салотејп бил измислен во 1932 година од страна на Џон Борден.

8. Во 1951-ва година една дактилографка, Бети Несмит Греам, го измислува течниот коректор во нејзината кујна. Течноста, која таа ја нарече “грешка” е направена со мешање на темперна боја во кујнскиот блендер.

9. Пред да биде измислен линијарот, првата заедничка единица за должина бил лакот. Се користел од страна на Египќаните и Вавилонците. Лакот бил дефиниран според должината на раката на еден човек, од лактот до врвот на средниот прст. Сепак, оваа должина се менувала, во зависност од локацијата, времето и човекот.